Една година од потпишувањето на историскиот политички Преспански договор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


17 јуни, 2018 година, во преспанското село Нивици, од страна на политичкиот врв на македонската и грчката страна, на чело со премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, беше потпишан историскиот политички договор за надминување на спорот за името на Македонија кој со децении се водеше меѓу двете земји. Денес се одбележува една година од потпишувањето на оваа политичка спогодба.

Некои се без коментар, некои се чувствуваат изманипулирани, дел од граѓаните пак не гледаат никаков проблем во употреба на уставното име кое произлезе од Преспанскиот договор. За дел од нив, придавката “Северна” е политичко прашање.

Пред една година целото внимание на домашната и меѓународната јавност беше насочено кон брегот на Преспанското езеро, кога македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи ставија потпис на договорот за крај на меѓусоседскиот спор со кој Република Македонија стана Република Северна Македонија. Една година потоа, премиерот Заев вели дека новото пријателство со Грија вредело. Придобивки очекува со отворање на вратите на НАТО алијансата и Европската Унија.

Годишнината од договорот ја одбележаа и потписниците на спогодбата. Една година, мој пријателе, Никола Димитров. – напиша сега веќе поранешниот шеф на грчката дипломатија Коѕијас, а набрзо доби одговор од неговиот колега Димитров –“Направивме историја, размислувајќи за иднината, мој пријателе!”

Додека двете влади гледаат успех во договорот од Преспа, нивните политички опоненти размислуваат за измени на веќе договореното, откако ќе седнат на премиерските столчиња. За Мицкоски и Мицотакис, овој договор е симбол на предавство.

За разлика од мешаните чувства и реакции во двете земји, Преспанскиот договор едногласно беше поздравен од целата меѓународната јавност, а освен што ги отвори вратите на Македонија на патот ко ЕУ и НАТО, на премиерите Заев и ципрас им донесе и номинација за Нобелова награда за мир..