Емотивната страна на Кристиано Роналдо: „Се скрши“ и се расплака на интервју (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За време на интервјуто кое со 34-годишниот Кристиано Роналдо го правеше Пјерс Морган, во рамки на неговата емисија, наместо забава и безгрижни муабети, славниот фудбалски ас доби трогателни прашања и снимки кои емотивно го скршија и расплакаа.

Британскиот водител му покажал видео во кое неговиот починат татко гордо зборува за него. Португалецот не можел да ги запре солзите кога го видел Хозе Динис Авеиро на екран.

Во краткото видео Хозе зборува за својот син и неговите достигнувања додека тој стои на влезот во куќата. Роналдо го загубил својот татко кога имал само 20 години. Хозе Динис Авеиро бил војник, а кога се вратил од војните во Мозамбик и Ангола, му се оддал на алкохолот. Починал од откажување на црниот дроб во 2005 година.

„Мислев дека интервјуто ќе биде смешно, не очекував да плачам. Никогаш не сум го видел ова видео. Морам да му го покажам ова на моето семејство. Јас навистина не го познавав татко ми многу. Тој беше алкохоличар. Не можев да разговарам со него. Немавме ниту еден нормален разговор. Беше тешко“, рече Роналдо.

Водителот Пјерс Морган го прашал поради што најмногу жали.

„Тој не ме виде кога станав најдобар во светот, кога добив награди. Тој не виде што постигнав. Целото семејство го виде тоа, мајка ми, браќата, дури и најстариот син. Но, татко ми, тој не виде ништо“, рече тој.

Роналдо израсна практично само со мајка си. Дури и денес, кога има свое семејство, тој е неверојатно поврзан со неа.