Епски потфат: Поставен рекорд во брзинско искачување на сите врвови над 8.000 метри


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со успешното стапнување на врвот Шишапангма (8.027 метри надморска висина), најнизок од „Хималајската круна“ врвови повисоки од 8.000 метри, реализирано денес, 29 октомври во 9 часот по локално време, Непалецот Нирмал Пурја успеа да го реализира неговиот потфат „Project Possible 14/7“ (сите 14 врва повисоки од 8.000 метри за помалку од 7 месеци), искачувајќи ги сите „осумилјадарки“ на Хималаите и Каракорум за рекордно време од 189 дена (6 месеци и 6 дена).

36-годишен Непалец Пурја, поранешно воено лице во редовите на Гурка и британската армија кој оваа година го започна неговиот проект насловен како „Project Possible 14/7“.

Проектот опфаќа искачување на т.н. „Хималајска круна”, одсносно сите врвови повисоки од 8000 метри кои се наоѓаат во појасот на Хималаите и Каракорум за помалку од 7 месеци што претставува исклучителен физички, психолошки но и логистички и финансиски предизвик.

Реално гледано, потфатите за брзинско искачување на највисоките врвови на светот од масивот на Хималаите и Каракорум не се честа пракса. Но, треба да се напомене дека претходното наjбрзо време за искачување го имаше Кореецот Ким Чанг-Хо кој во 2013 го направи подвигот без суплементарен кислород и во времетраење од 7 години 10 месеци и 6 дена. Рекордот на Чанг-Хо беше само 1 месец побрз од легендарниот Јежи Кукучка чии рекорд стоеше уште од 1988-година – близу 27 години, а воедно тоа беше и второто успешно комплетирање на „Хималајската круна” во историјата.

Пурја за разлика од овие алпинисти користи суплементарен кислород поради самиот факт што овие врвови се вметнати во екстремно тесен распоред. Во текот на годината тој имаше три качувачки фази каде во Април-Мај искачи 6 врвови, од 3 до 26 јули уште 5 (врвовите сместени во Каракорум) и во есенскиот дел Септември-Октомври тој ги искачи последните 3 – Чо Оју, Манаслу и Шишапангма. Сето ова тој успеа да го направи во времетраење од шест месеци и шест дена.

Пролетта на 24 мај тој воедно успеа да го сруши рекордот за најбрзо искачување на Еверест, Лоце и Макалу со 2 дена и 30 минути. Во тимот се вклучени и му помагаат исклучително искусни и силни качувачи од Непал.