ЕУ бара укинување на монополот на Македонскa пошта и либерализација на поштенскиот пазар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако во извештајот од Европската комисија посветен на Македонија беше упатена забелешка и критика за монополот на Македонска пошта, Агенцијата за пошта повторно ќе препорача целосна либерализација на поштенскиот пазар во државава. Од ЕУ упатуваат препорака регулаторното тело да продолжи со јакнење на административнте капацитети, а властите да ја почитуваат неговата независност, пренесува Денешен.

„Либерализацијата на пазарот беше одложена во четири наврати. Последното одложување беше со законската измена и важи до 1 јануари 2020 година. Агенцијата за пошти во континуитет ќе остане на ставот дека либерализацијата мора да се случи“, изјави денеска за МИА директорката на Агенцијата за пошти Билјана Аврамовска Ѓореска.

Според неа, Македонска пошта се подготвува за претстојниот процес на целосна либерализација.

„Имаме одлична соработка со Македонска пошта и ќе почнеме да работиме на усогласување за измени на Законот за поштенски услуги каде што ќе ги имаме во предвид сите недостатоци и потреби што произлегуваат од секојдневното работење. На добар пат сме да направиме добро и за пазарот и за сите даватели на поштенски услуги“, рече директорката на АП.

Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, претставувајќи ги предизвиците за поштенскиот сектор во државава од Извештајот на ЕУ потенцираше дека претстојат уште многу активности за целосно либерализирање на поштенскиот пазар.

Состојбите на поштенскиот пазар се дел од темите на пленарниот состанок на Европскиот комитет за поштенска регулација, што се одржува денеска и утре во Скопје, а чиј домаќин е Агенцијата за пошти.