Фаќаат летните горештини – сончев и топол понеделник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вториот понеделник во месец јуни носи сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северисточен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 36 степени.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 33 Целзиусови степени, Маврово 23, Охрид 28, Битола 30, Кавадарци 36, Крива Паланка 28, Берово 28, Дојран 35 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 25 до 33 степени.