Advertisements
Нобел

Фејсбук ќе го нема на новите телефони од Хуавеи

Од компанијата „Фејсбук“ потврдија дека нивната мобилна апликација нема да ја има во прединсталацијата на новите смартфони кои ќе ги произведува Хуавеи.

Кинеската компанија Хуавеи е под американски санкции  воведени поради безбедносна сигурност и тоа среде трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.

Досегашните сопственици на апаратите на Хуавеи и натаму ќе можат без проблеми да ги користат мобилните апликации на Фејсбук и на другите социјални мрежи.

Од Фејсбук додаваат дека нивните правници ги проучуваат службените документи на американските власти и донесува мерки за да се усогласи со нив.

Американската администрација забрани размена на каква било технологија меѓу американските и кинеските компании , што предизвика домино ефект на целиот сектор.

Advertisements

Најпопуларно

To Top