Фејсбук отстрани 2.632 страници, групи и профили од Македонија, Косово, Русија и Иран


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вкупно 2.632 страници, групи и профили се отстранети од социјалните платформи Фејсбук и Инстаграм кои се регистрирани од Иран, Русија, Македонија и Косово. Од Фејсбук велат дека страниците не биле поврзани меѓусебно.

Лажните профили од Македонија повторно се најдоа на удар на најголемата социјална мрежа во светот. Фејсбук денеска соопшти дека се отстранети илјадници профили и групи кои манипулирале со мрежата.
Операцијата на Фејсбук воглавно била насочена кон лажните профили и администратори на групи и страници од Иран и Русија, пренесува Дојче Веле.

Од овие земји се отстранети најголемиот дел од содржините- 513 од Иран, и 1.907 од Русија. Сите отстранети профили користеле слична тактика на креирање мрежи на профили со цел да создадат лажно мислење за тоа кои се и што претставуваат.

Во соопштението на Фејсбук за акцијата, Македонија и Косово се сместени во истата анализа, па тешко е да се дознае колку точно од отстранетите лажни профили потекнувале од Македонија.

„Лицата зад овие активности одржувале лажни профили за да администрираат страници за споделување, а најчестите содржини биле од областа на астрологијата, славните личности и совети за убавина“, наведува Фејсбук во делот кој се однесува на Македонија.