Advertisements
Актуелно

Фетаи на рочиштето за „Монструм“ им држеше правни лекции на судиите и адвокатите

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ кој е под ингеренција на Специјалното јавно обвинителство, обвинителката Фатиме Фетаи им држеше лекции по право на адвокатите и судиите дека не можат да се повикуваат нови сведоци во рамки на случајот додека биде завршен распитот на старите сведоци. За новоповиканите сведоци потребно е претходно да се произнесат и СЈО и судот.

На судењето за убиствата кај Смилковското езеро денес беа повикани беа 4 сведоци на одбраната. Фетаи, исто така, реагираше и на оваа бројка, со укажување дека на рочиште би можело да се сослушаат и до 15 сведоци и да се обезбеди поефикасно и навремено завршување на постапката за „Монструм“.

Прв на пултот за сведоци застана дуќанџија кој замоли да биде сослушан што побргу, бидејќи, како што рече, го затворил дуќанот за да дојде да биде сведок. Но, по реакцијата на СЈО дека не може тој да биде сослушан во листата на веќе сослушани сведоци, беше вратен. На денешното рочиште ќе бидат сослушани само 2 сведоци на одбраната. Роднините на убиените момчиња и на рибарот од Црешево денес не се присутни во судница, а не беа ниту на минатото рочиште. Во тек е сведочењето на земјоделец кој работел на нива кај Смилковското езеро на денот на убиството во 2012 година. На претходно рочиште на 6 мај се сослушуваа сведоци. Случајот го води судијата Огнен Ставрев.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Advertisements
To Top