ФИФА одлучи да го објасни спорното правило


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓународниот одбор на фудбалските сојузи (IFAB) одлучи дополнително да ги објасни промените во правилото 16 – удар од голот, а нивното објаснување ви го пренесуваме во целост.

Промените на фудбалските правила за 2019/2020 година се покажаа успешни, што беше потврдено на Светското женско фудбалско првенство, Светското првенство за играчи до 20 години и конфедерациските и националните натпреварувања.

Промените на правилото 16 за иницијален удар од голот често доведоа до брзо и позитивно продолжување на играта, но постојат две ситуации поради кои се поставуваат прашања низ фудбалските кругови, па сакаме да ги објасниме.

1. Голманот ја „крева“ топката кон соиграч кој со глава или гради му ја враќа на голманот

Многу се разговараше за тоа дали при удар од голот, голманот смее да ја „подигне“ топката до соиграч кој со глава или гради ќе му ја врати на голманот во раце, за тој потоа со евентуален дегажман од раце или чисто со рака да ја уфрли во игра.

Ставовите на техничките и судските експерти за тоа дали таков потег е во „духот“ на PNI се поделени, поради што на оваа тема ќе се разговара на седницата од Техничката поткомисија на IFAB. Дотогаш, оваа пракса не би смеела да биде дозволена ниту би требало да биде санкционирана. Доколку се случи, судијата треба да го повтори изведувањето на ударот од голот, но без дисциплински мерки.

2. Противнички играч во казнениот простор при изведување на удар од голот

Правилото 16 наложува сите противнички играчи да бидат надвор од казнениот простор додека ударот од гол не биде изведен, т.е. дека изведувањето на удар од голот се повторува ако некој од противничките играчи остане во шеснаесетникот или влезе во него пред изведување на ударот и игра со топката, се обиде да игра со топката или ја допре топката.

Меѓутоа, во правилото број 16, исто така, се применува и начелото на „брзо изведување“ на слободен удар како што е наведено во правилото број 13 – „Слободен удар. 3. Прекршок и санкции. Доколку противничките играчи во казнениот простор немале време да го напуштат истиот, судијата го дозволува продолжувањето на играта.

Во пракса тоа значи дека судиите треба да им пристапуваат на ударите од голот (и слободните удари на одбранбената екипа во сопствениот казнен простор) на ист начин на кој им пристапуваат и на слободните удари:

– Освен во случај на „брзо изведување“ на удар од голот, противничките играчи мора да бидат надвор од казнениот простор и да останат надвор од него сè додека ударот не биде изведен.

– Доколку ударот од голот се изведе брзо, а противничкиот играч реално немал време да го напушти казнениот простор, тој не смее да го спречува или запре изведувањето на ударот од голот, но смее да ја „пресечи“ топката откако таа ќе биде уфрлена во игра. Тоа е дозовлено затоа што тој во таков случај станува играч на екипата која се брани.

– Како и при „брзо изведување“ слободен удар – доколку обидот тргне „на лошо“, нема правило кое може да ја „спаси“ екипата.

– Играчите кои намерно ќе останат во казнениот простор или ќе влезат во него при изведувањето на удар од голот, не би смееле да стекнат нечесна предност, дури и ако ударот од голот се изведува брзо.

Доколку противнички играч направи прекршок (во склоп со горенаведените правила), ударот од голот се изведува одново. Притоа, нема дисциплински мерки освен ако прекршокот се направи неколку пати (постојано неспортско однесување).

Судиите се вешти при контролирањето на оддалеченост од 9,15 метри за изведување на слободни удари и треба истите вештини и начела да ги применат и за ударите од голот и слободните удари на тимот кој се брани во сопствениот казнен простор.