Францускиот гигант го сака Икер Касиљас


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред неколки месеци францускиот гиганти Олимпик Марсеј доби нови сопственици кои се многу амбициозни и имаат големи планови за иднина.

Американските сопственици најавија дека ќе донесат звучни имиња на „Велодром“ со цел да го вратат клубот на врвот во Франција, каде последен пат беше шампион во 2010 година.

Медиумите тврдат дека приоритет за клубот е Икер Касиљас. Легендарниот шпански голман моментално брани за Порто и има договор до 2018 година.

Сепак, португалскиот клуб е спремен да го продаде Касиљас доколку пристигне примамлива понуда.

Медиумите тврдат дека Марсеј нема да жали пари за да го донесе Касиљас во Франција и дека изгледни се шансите да се реализира трансферот.