Француската полиција го уби терористот кој го изврши нападот во Стразбур


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од француските полициски орагни беше потврдено дека Шериф Шекат, терористот кој што во неодамнешниот напад во Стразбур уби три, а рани 13 лица, е смртно застрелан од страна на полициските припадници.

Како што пренесуваат француските медиуми, најпрвин се слушнале нови истрели во градот кои што повторно предизвикале паника меѓу населението, а набрзо потоа градот започнале да го надлетуваат и хеликоптери.

Се слушнале три-четири истрели, а додека објави полицијата за што станува збор, во градот повторно завладеала паника. Според зборовите на францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, кој што имаше вондредно обраќање, вкупно 720 лица биле мобилизирани да го пронајдат исламистот кој изврши напад на Божиќниот пазар.

На потерницата Шекат беше опишан како 29-годишно лице, висок 180 сантиметри, со нормална телесна градба, кратка коса и темен тен. Од полицијата ги предупредија граѓаните дека станува збор за исклучително опасно лице.

Француската полиција деновиве ја надгледуваше границата со Германија поради стравување дека напаѓачот од Стразбур би можел да побегне во Германија. Според првичните информации, Шекат бил пронајден во истиот кварт каде што полицијата го барала ноќта кога беше изведен крвавиот напад.

Француски „Ле Монд“ открива дека исламистот бил пронајден и убиен од полицајците јужно од тој кварт во францускиот град Стразбур, а на социјалните мрежи се појавија видеа на кои што се гледа како полицајци им аплаудираат на колегите кои што го фатија и ликвидираа терористот.