Францускиот „нон-пејпр“ ќе го почека почетокот на мандатот на новата Европска комисија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Нема да дискутираме за иницијативата на Франција. Ние ќе се вратиме на политиката на проширување, ќе изразиме цврста посветеност на оваа политика и ќе испратиме силна порака на земјите од Западниот Балкан дека ЕУ ќе испорача и дека лидерите на ЕУ повторно ќе се вратат на прашањето на пролет“, изјави Тити Тупураинен, министер за надворешни работи на Финска за денешниот дневен ред на Советот за општи работи на ЕУ, пренесува Телма.

Според Тупураинен добро е членките да имаат свои предлози, но оти ќе мора да се почека новата Европска комисија да го почне својот мандат и да даде предлог што може да се направи во процесот, за кончено Европскиот совет да донесе едногласна одлука за проширувањето.

Француската министерка за Европа пак пред старот на Совет го бранеше барањето на Париз за нова методологија.

„Ние не ги менуваме правилата сред игра што започнала, гледаме дека процесот не функционира затоа што е екстремно бавен за тие кои учествуваат во него. Процесот не е политички раководен, има автоматизам и народите пред се не се пронаоѓаат во него“, изјави Амели де Моншален, министер за Европа на Франција.

Според неа франсцускиот предлог за реформа ќе ги направи поефикасни пристапните преговори и приближување на полето на економијата, социјалата, културата, а не само на полето на правото.Де Моншален информираше дека Франција неколку месеци работи на новата методологија.

Министрите за надворешни и за европски работи на земјите-членки денеска прв пат по блокада во октомври ќе се навратат на прашањето за датумот за преговори со Македонија и Албанија. Навраќањето на оваа тема ја најави Италија уште минатиот месец, што наиде на поддршка кај повеќе земји-членки.

Франција пак непосредно пред одржувањето на Советот за општи работи, во петокот го достави нон-пејперот за промена на методологијата, за кој дел од земјите рекоа дека е рано да се коментира.

И Европската комисија во моментов не сака да го коментира предлогот на Франција. Од таму денеска повторија дека се уште не добиле формално барање за промена на методологијата, туку дека има само дискусија меѓу земјите-членки.

Комисијата чека што конкретно по ова прашање ќе произлезе од Советот, а дотогаш бидејќи нема формално бараење, нема ни подготовки за промена на методологијата.