Фросина Ременски во Кривичен како обвинета во „Рекет“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пратеничката од владејачката СДСМ, Фросина Ременски, во моментот е во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка, пренесува „Фокус“ повикувајќи се на неформални информации.

Судијката на претходна постапка треба да одлучи дали ќе и одреди некоја од мерките на претпазливост, кои ги бара обвинителката Вилма Русковска, бидејќи од вчера и Ременски е осомничена во проширената истрага за „Рекет“’.

Денес во судот треба да се појават и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, како и неговата асистентка.

За Јасна Мандиќ пак синоќа беше донесена одлука за куќен притвор.