Габер Дамјановска назначена за нова директорка на Академијата за судии и обвинители


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешната уставна судијка Наташа Габер Дамјановска, со двотретинско мнозинство од деветте члена на Управниот одбор, беше избрана за нова директорка на Академијата за судии и јавни обвинители.

Изборот Габер Дамјановска да биде назначена за оваа директорска позиција беше направен меѓу неа и останатите кандидатки Мирјана Лазарова-Трајковска, Елена Андреева и Александар Маркоски.

На денешната седница не беше избран заменик директор на Академијата, поради неисполнување на условите на единствениот пријавен за оваа функција. Габер Дамјановска е избрана на местото на претходната директорка Анета Арнаудовска, која директорската функција ја вршеше од октомври 2006 година до октомври годинава.

Првично седницата беше најавена како затворена, на што вчера реагираше Здружението на новинари на Македонија оценувајќи дека спречувањето на новинарите да ја следат расправата е обид да се работи зад грбот на јавноста и фрла сенка врз процесот на избор на новиот директор.