Гаф во популарната серија „Чернобил“ – ОВА се појави дури 25 години подоцна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мини-серијата „Чернобил“ направи вистински бум меѓу широката публика со огромната гледаност и позитивните критики, па во рекорден временски рок ги „издува“ фамозните Game of Thrones и Breaking Bad на многу нивоа и стана најдобро оценета серија на сите времиња. Но, тоа не значи и дека е совршена.

Иако кога ќе ја гледате, не може а да не заклучите дека секоја сцена е внимателно осмислена и секој детал е на свое место, еден посветен гледач од Украина забележа еден категоричен пропуст и грешка во четвртата епизода од серијата, кој очигледно им се протнал на режисерот и продукцијата.

Во спорната сцена од четвртата епизода се гледа споменик кој е подигнат дури 25 години после периодот кога се случи нуклеарната катастрофа, во кој е сместено дејството од серијата.

Станува збор за споменик кој е подигнат по повод одбележувањето на 25-годишнината од чернобилската хаварија и оддавање почест на луѓето кои ги ризикуваа своите животи и здравје за да го заштитат остатокот од човештвото во светски рамки.

„Интересен момент во четвртата епизода од Чернобил, во една сцена се гледа споменикот посветен на катастрофата“, истакна еден жител на Киев на Фејсбук и објави фото-исечок од сцената на кој споменикот е означен со црвена боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Javier Zapata (@jzfgo) on

„На ликвидаторите на чернобилската катастрофа, кои по цена на своите животи и здравје го заштитија човештвото од ужасна несреќа. Се сеќаваме на вашиот подвиг“, стои на натписот од споменикот.

Засега не е објаснето дали споменикот во кадарот е намерно поместен, со цел да им се оддаде почест на чернобилските херои, или станува збор за ненамерна грешка при снимањето.