Advertisements
Вебкафе

Game of Thrones манија во САД – сè повеќе бебиња добиваат имиња на ликовите од серијата

Според најновите статистички податоци кои ги објави американската Управа за социјално осигурување, над 4.500 американски бебиња минатата година добиле лични имиња поврзани со планетарно популарната и веќе култна серија „Game of Thrones“.

Евидентен е порастот на овој тренд во споредба со статистиката од 3.800 во 2017 и 3.200 во 2016 година. (Во овие бројки не се бебињата по име Џон или Џејми).

На прво место: Арја, име доделено на 2.545 бебиња родени во САД минатата година, иако Ен-би-си њуз забележува дека можеби не сите од нив биле инспирирани од Престолите, бидејќи „Арја е име што се користи на меѓународно ниво“.

Останатите 10 најупотребувани имиња и на колку бебиња им било дадено секое од нив:

Калиси: 560

Јара: 434

Лиана: 319

Денерис: 163

Шеј: 125

Ренли: 102

Џори: 72

Тирион: 58

Бриен: 33

Advertisements

Најпопуларно

To Top