Газдарицата на Ливерпул во заводливо розово издание се забавуваше на Енфилд


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Силната екипа на „Црвените“ од Енфилд и покрај победата против Вулверхемптон на домашен терен со 2:0, не успеа да го освои тронот на Премиер лигата по кој копнеат веќе 30 години.

Цели 30 години Ливерпул ја нема освоено титулата во Премиер лигата и оваа година беше одлична шанса да се прекине тој тридецениски шампионскипост, но и покрај извонредната сезона со 97 освоени бода во рамки на лигата, Црвените останаа без трофејот.

Сепак, тоа не беше пречка за Линда Пицути, поубавата половина на сопственикот на клубот Џон Хенри да се забавува на Енфилд.

Сопругата на првиот човек на Ливерпул без разлика на се исклучително расположена ја славеше победата на својот клуб.

Во розов фустан и чевли со високи потпетици по мечот сексапилната Линда се прошета на зелениот тепих на „Енфилд“ дури и шутна кон голот што со воодушевување беше прифатено од навивачите на црвените.