„Ги плаќаме 8, работат 7,5 часа“: Текстилните газди бараат подолго работно време за работниците


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Газдите на текстилните фабрики преку текстилниот кластер со барања за подолго работно време за работниците во нивните фабрики, оти демек, ги плаќале 8 часа, а работеле 7 и пол часа, пренесува Фактор.

Во писмо кое го испратиле до министерките за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Нина Ангеловска, но и до вицепремиерот Кочо Анѓушев образложуваат дека сегашното работно време од осум часа односно од ефективни 7 и пол часа, како што велат, затоа што работниците имале и платена пауза, ги правеле фабриките неконкуретни во однос на тие од регионот.

Се бара и да се укинат празници за да нема дисконтинуитет во производството односно работниците повеќе да работат. Газдите имаат и други барања, а овие ја запрепастија јавноста деновиве затоа што дури најавија и штрајк со кој сакаат да го изразат своето незадоволство од условите за водење бизнис во земјата.

Тие тврдат дека има ниска продуктивност и дека државата декларативно се заложува за раст на платите кој генерално паѓал на грбот на работодавачите.

„Седум и пол часовното ефективно работно време со плус 30 минути платена пауза да се замени по примерот на сите европски земји во окружувањето со 8 часа ефективно работно време плус 30 минути латена пауза што значи вкупно 8 часа и 30 минути. Сегашниот начин на работно време не прави многу понеконкурентни во однос на опкружувањето, а нашиот предлог ќе отвори можност за директно покачување на платите како резултат на подолгото работно време од половина час, велат од кластерот.

Според последните податоци во текстилната индустрија во земјава се вработени над 36.000 луѓе.