Гигантскиот делфин наскоро ќе го освои небото


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Beluga XL, најновиот модел на Airbus и најголем авион на светот се очекува деновиве да почне да ги пара небесните висини.

Најголемиот авион Beluga XL , ги заврши пробните летови на аеродромот Хаварден во Велс, а во текот на годинава ќе почне и со комерцијални летови. Во време кога се затвораат големите авиони , како што се Airbus А380 или Boeing 747, почнува да лета Белуга , но нема да биде патнички авион.

Ќе служи како транспортер, а Airbus го изработи за транспорт на компоненетите на своите летала во производните погони во Тулуз, Хамбург и Тјенџин.

Beluga XL е наследник на авионот Beluga од 1995 , но е подолг шест метри од својот претходник. Неговиот изглед го одбраа 20.000 вработени во компанијата , кои со 40 % од гласовите одбраа најголемиот авион да има наслеан лик на голем делфин.

Овој товарен авион е толку голем , што со него може да се превезуваат две крила на авионот А350 . Колку за споредба досегашната Beluga можеше да превезе само едно крило .