Гласачкиот материјал за претседателските избори подигнат од страна на ДИК


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претставници на Државната изборна комисија го подигнаа гласачкиот материјал за претстојните претседателски избори од битолската печатница „Киро Дандаро“, каде што се печатат доверливите материјали. Материјалот беше подигнат под силно полициско обезбедување.

Печатењето на гласачкиот материјал беше завршено навреме и утрово беше извршено примопредавањето на гласачките ливчиња и на другиот изборен материјал.

– Членовите на ДИКИ го подигнаа материјалот и сеупатија кон своите дестинации во општинските избортни комисии. Од аспект на припременост на материја и се, досега се одвива беспрекорна и сметам дека во недела ќе немаме никакви проблеми, што се однесува на квалитетот и изработката на гласаќкиот материјал – рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

– Овие ливчиња имаат 21 заштита. Така да не е возможно да се фалсификува ниту едно ливче, а оригиналните записници се направени на заштитна хартија со неможност да се копираат, нема можност да се преправаат и на специјална хартија има генерирарни податоци за секое гласачко место – рече директорот на печатницата “Киро Дандаро“ Драги Милошевски.

За претседателските избори, на избирачкиот список се запишани 1.808 131 гласач, а изборниот процес ќе се одвива во 80 општински изборни комисии и на 3.480 избирачки места. Во сабота, ќе се гласа во дијаспората, а се пријавиле 1. 782 гласачи, болни и изнемоштени се регистрирани 3.583, 1.600 затвореници и седум исселени лица.