Главоболка и мачнина кај гледачите по гледањето на новиот хорор од Нетфликс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот хорор филм на Нетфликс, The Perfection, е болен, но не на добар начин. На гледачите буквално им се слошило после гледањето на 90-минутниот нов хорор филм од продукцијата на Нетфликс.

Тие признаваат дека имале главоболки, мачнина, па дури и повраќање после гледањето на новиот хорор/трилер, а некои од сцените посебни ги вознемириле.

Филмот кој е достапен на Нетфликс од минатата недела, ја раскажува приказната за виолончелистката Шарлот која патува во Шангај на музички натпревар. Таму се сретнува со својот учител и талентираната Лизи, со која брзо се зближуваат.

Но, кога ќе заминат на излет на село, нештата тргнуваат на лошо. Или подобро речено – стануваат одвратни. Сцената со повраќањето во автобусот е само една од оние кои ги вознемириле гледачите, за што тие се жалеа на социјалните мрежи.

Главните ѕвезди во филмот се Логан Браунинг и Алисон Вилијамс, но дури и нејзините родители тешко ја „свариле“ нејзината последна улога. „Моите родители ме прашуваат кога ќе можат да се опуштат на еден од моите филмови“, вели таа. „Не знам дали тоа ќе се случи некогаш“, додава актерката.