GLOSA системот на Audi знае кога ќе се запали зелено светло на семафор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата, футуристичка технологија која ќе биде вградена во модерните модели на автомобилите ќе нуди препорачана брзина на движење со автомобилот со цел што помалку да запира на семафори.

Новиот модел на Audi е еден од тие примероци, кој во себе ќе го има вградено системот GLOSA (Green Light Optimized Speed Advisory). Овој систем е така проектиран да може да комуницира со сообраќајната инфраструктура и на возачот да му пренесува информациите за светлата на семафорите.

На возачот на овој модел на Audi на дигиталната инстримент табла му излегува информација која боја на светло е запалена на следниот семафор, колку долго тоа светло ќе биде активно и со која брзина би требало да се движи за да мине на зелено.

Целата оваа технологија е базирана на комуникацијата на возилото со инфраструктурата , конкретно со централниот сообраќаен систем кој ги контролира семафорите.

Целта на овој систем е да се намали запирањето на семафорите да се забрза сообраќајот и со тоа да се намали нивото на загадувањето .

Оваа паметна технологија веќе им е достапна на американските купувачи на моделите на ауди А6, А7, А8 и Q8. Новата технологија може да се користи во 13 градови низ САД, меѓу кои се Далас, Вашингтон, Лас Вегас, Њујорк, Феникс, Портланд и Сан Франциско, под услов сопственикот да е претплатен на системот „ Audi Connect Prime“.