Го платија 85 милиони, а го загуби секој дуел (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед загубија од Валенсија во последното коло од Лигата на шампиони, но обезбедија пласман во осминафиналето.

Сепак, дуелот на „Местаља“ го одбележа катастрофалната партија на напаѓачот Ромелу Лукаку.

Имено, белгискиот репрезентативец го загуби буквално секој дуел против играчите на Валенсија, а оваа сезона на 21 меч постигна само шест гола.

Срамна статистика за играч кој е платен 85 милиони евра, па не чуди фактот што во последно време го загуби местото во стартниот тим.