Голем пожар во фабрика за пелети кај Кванташки пазар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пожар избувна вчера вечерта во фабриката за пелети во близина на Кванташки пазар.

Од МВР ја потврделе информацијата истакнувајќи дека околу 20:20 часот добиле пријава за пожар на улицата Вера Радосављевиќ, поточно во фабриката на пелети Вертиго Дизајн.

Пожарот кој избувнал од засега непознати причини, бил локализиран и изгаснат од 5 против пожарни возила. Повредени лица нема, а според првичните информации целосно изгорел хангарот кој служел како погон за репарирање на еуро пелети, виљушкар и разен алат.

Од полицијата додаваат дека увид ќе се врши во текот на денешниот ден.