Google ги објави најпребаруваните личности во 2018 – еве кој бил „најгуглан“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Google ја објави својата годишна статистика за поимите и имињата кои беа најмногу пребарувани на нивниот пребарувач во изминатава 2018 година.

На глобално ниво, најпребарувана личност на Google била Меган Маркл. Името од сопругата на принцот Хари било најпребаруван поим на годината во светски рамки, но и во Велика Британија и неколку земји од Комонвелтот.

Причината за тоа, нормално, е кралската свадба на Меган и Хари која се одржа во месец мај. Парот нивната свршувачка ја објави на крајот од минатата година, а се венчаа на 19 мај оваа година. Актерката која немаше некоја голема слава во светот на филмоти актерството стекна планетарна слава и стана најпопуларната жена на светот кога беше објавено дека ќе стане прва војвотка од Сасекс.

После Меган, најпребарувани личности на Google се Деми Ловато, Силвестер Сталоне, Логан Пол и Кло Кардашијан.