Advertisements
Галерии

Гостинска елита на свадбата од Серхио Рамос и Пилар Рубио (фото галерија)

Носителот на капитенската лента на европскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Серхио Рамос, викендов во Севиља, се венча со неговата долгогодишна девојка, Пилар Рубио, на венчално-свадбена церемонија на која се собра дел од светската спортска и шоубизнис елита.

На елитната венчавка во катедралата во Севиља со своите поубави половина во елегантни изданија се појавија многу поранешни и сегашни светски фудбалски ѕвезди.

Меѓу елитните гости очекувано беа соиграчите на Серхио од Реал секако во дсруштво на своите сопруги, Лука Модриќ, Хесус Навас, Алваро Мората, потоа големите ривали и пријатели од Барселона и репрезентацијата Серхио Бускетс, Жорди Алба, Санти Казорла, Пепе Реина, Пике и други.

Инаку,Рамос и телевизиската водителка Пилер се во врска од 2013 година и имаат три сина.

По венчавката во централната катедрала во Севиља која траела околу еден час со настапиот на фламенго уметницата Нина Пастори гостите заминале на имотот од Рамос.

Според шпанските медиуми сите гости на сведбата пред влезот во катедралата морала да ги остават своите мобилни телефони, поради тоа што младенците забраниле да се снима нивната свадба.

Advertisements

Најпопуларно

To Top