Град Скопје присилно ќе наплаќа данок на имот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Град Скопје ги известува сите граѓани, дека во согласност со одредбите за присилна наплата и обврските кои произлегуваат од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот за 2013 година, а заклучно со 2017 година.

Затоа, им укажуваме на сите даночни обврзници кои по горенаведениот основ имаат заостанат и неплатен долг, за да не дојде до присилна наплата потребно е неодложно да ги подмират своите обврски.

Воедно, Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картичка, која е објавена на интернет сајтот на Град Скопје со извршена регистрација на истиот.

Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, даночниот обврзник може да се јави, односно лично да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16 секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот.

Напоменуваме дека во текот на оваа година, во месец март, Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот на сите даночни обврзници.

Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на данокот на имот по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните обврзници.

Доколку по ваквото решение не се постапи се изготвува решение за блокада на сметките на должниците во деловните банки