Грчките воени паради повторно со навреди кон Македонците


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не успеа обидот на грчките власти да го забранат пеењето на песнатта „Македонија славна“ на воените паради по повод Денот на независноста во Грција, јавува ТВ Алфа.

На снимките кои се шират на сопцијалните мрежи се слуша како воениот оркестар на плоштадот Синтагма во Атина ја свири оваа песна – посветена на Александар Велики, кој ги протерал варварите и во контекст на спорот за името, грчките националисти овие стихови за варварите честопати ги упатуваат кон Република Македонија. На централната прослава, непознато лице се обиде да го пробие полицискиот кордон и да го нападне грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, но беше спречен од полицијата.

Во Солун пак, граѓаните во еден глас ги пеат стиховите на песната „Македонија славна“, а слоганот „Македонија е Грчка“ повеќепати се слушнал од насобраната толпа. Таму, веднаш по маршот се одржал и протест на грчки националисти против Договорот од Преспа. Како што пренесуваат грчките медиуми, судир помеѓу група граѓани и полицијата имало и на маршот во Калитеа.

Вчера, грчките власти им забранија на учесниците во парадата да ја пеат оваа песна, а од военото раководство писмено биле известени дека не смеат да извикуваат навредливи пароли, како што беше во пракса изминатите години.

„Македонија земја на Грција“ и „Цигано-скопјани“ се пароли кои често се слушаат на воените паради во Грција. Грчките војници, вообичаено на Денот на независноста скандираат навредливи пораки насочени кон Македонците, Турците и Албанците.

Извор: Алфа ТВ