Гризман со видео порака се збогуваше од Атлетико: Која ќе биде негова следна дестинација? (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Антоан Гризман и дефинитивно го напушта Атлетико Мадрид на крајот на оваа сезона, пишува Спортски.мк.

Вчера вечер шпанските медиуми објавија информација дека Гризман им соопштил на луѓето во Атлетико дека заминува, многумина можеби не поверуваа во таа нинформација, но набрзо потоа пристигна и потврда.

Дега Французинот заминува стана јасно во видеото во кое Гризман им се заблагодарува на навивачите кое Атлетико го објави на социјалните мрежи.

„ Здраво на сите. Откако зборував со Чоло и Анхел Хил, сакам да зборувам и со вас, со фановите на Атлетико, со прекрасната публика. Донесов одлука да си заминам, сакам да доживеам нови работи, да добијам нов предизвик. Навистина ми беше тешко да го изберам овој пат, но тоа е она што го чувствувам и што сметам дека ми е потребно. Сакам да ви се заблагодарам за сета поддршка која ми ја дававте во изминативе шест години, тука ги освоив првите важни трофеи. Имаше неверојатни моменти кои секогаш ќе ги паметам. Не е лесно еден играч да добие толку многу љубов, па затоа сакав оваа вест да ви ја соопштам јас денес. Ве носам во срцето и ви благодарам за се“, зборува Гризман во видеото.

Гризман во клубот стигна летото 2014 година и од тогаш ја освои Лигата на Европа и играше финале во Лигата на шампионите. Засега се смета дека сигурно кариерата ја продолжува во Барселона.

Извор: СПортски.мк