Грција во четврток ќе го ратификува Преспанскиот договор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со почеток во 17 часот по грчко време, во рамки на грчкиот парламент, денес со работа започнува Комисијата за национална одбрана и надворешни работи која ќе го разгледува нацрт закон според кој се ратификува и стапува во сила Договорот од Преспа.

Во среда во 10 часот по локално време започнува расправата во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето ќе биде во четврток вечер, брифираат извори од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова било одлучено на денешниот состанок на претседателот на грчкиот парламент со неговите заменици.

Според истите информации, пленарната седница и во среда и во четврток ќе започне во 10 часот наутро по локално време, а ќе трае во зависност од каталогот на пратеници кои ќе се пријават за збор. Доколку има голем број заинтересирани пратеници за дискусија, би можело да трае и до 2-3 часот наутро.

Доколку има потреба, комисијата ќе одржи седница и утре.