Груевски снимен како си шета лабаво во трговски центар во Будимпешта (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нова снимка од бившиот премиер и моментално осуден бегалец Никола Груевски, на која тој е снимен како се шета во трговски центар во Будимпешта, објави унгарскиот портал 444.hu.

Груевски беше снимен како се шета во трговскиот центар WestEndCity, лоциран во центарот на Будимпешта на популарната улица Ваци.

Порталот објави дека поранешниот премиер осуден за корупција „мирно се шетал во саботата навечер, кога трговскиот центар почнал да се празни, а продавниците да се затвораат“.