Филм / ТВ

HBO спрема уште еден дел од серијата „Game of Thrones“

Продукцијата на НВО одобри снимање на уште еден дел од серијата „Game of Thrones“, објаснувајќи дека новите епизоди ќе бидат сместени 300 години пред случувањата кои се одиграа во осмата сезона од славната серија која заврши оваа година.

„Game of Thrones“ е најпопуларна серија на НВО, која освои неколку Emmy награди и привлече милиони гледачи и обожаватели ширум цел свет.

„Мило ми е што можам да соопштам дека ја нарачавме House of the Dragon директно за НВО“, изјави програмскиот претседател на НВО, Кеси Блојс на НВО Max настанот кој беше одржан во Лос Анџелес. Додаде дека серијата ќе раскажува за куќата Таргарјен и раните денови на Вестерос.

На ова продолжение ќе работат Џорџ. Р.Р. Мартин, Рајан Кондал и Мигел Сапочник. Во првата епизода која ќе се снима ова лето се појавува и Наоми Вотс.

Advertisements
To Top