Холивуд „маслинка не чека“: Шон Пен снима документарец за убиството на новинарот Кашоги?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Истрагата за убиството на арапскиот новинар Џамал Кашоги уште не е завршена и е релативно далеку од затоврена, а познатиот холивудски актер и продуцент, Шон Пен, веќе е во Истанбул каде снима документарен филм за бруталната ликвидација на дописникот за „Вашингтон Пост“.

Турската државна агенција јави дека двојниот оскаровец пред саудискиот конзулат во Истанбул го снимал документарниот филм за убиството на Кашоги кое ја потресе светската јавност.

Новинарот Кашоги, познат по критиките кон кралското семејство во Саудиска Арабија беше брутално ликвидиран во просториите на саудискиот конзулат во Истанбул, а неговото тело беше расцепкано, стопено во киселина и фрлено во канализација.