Хорор за BMW – 120 скапи автомобили уништени во Јужна Каролина (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Автомобилите биле тешко оштетени или потполно уништени кога теретниот воз во којшто се наоѓале тукушто изработените SUV модели под логото на германскиот производител излетал од шините.

Откако возот го напуштил погонот во Спартанбург во Јужна Каролина, вагоните во коишто се превезувале 120 скапоцени BMW автомобили излетале од шините и се превртиле на стотина километри од фабриката.

Возилата требало да бидат транспортирани до пристаништето во Чарлстон, од каде требало со брод да го продолжат својот пат кон прекуокеански дестинации, а се работи за SUV моделите X3, X4, X5 и X6. Иако во возот имало 120 BMW автомобили, поединечни медиуми пренесоа дека во несреќата биле оштетени 97 возила, додека други соопштија дека се работи за сите 120 возила.

9-12-horor-bmw1

На снимката направена од воздух се гледа местото на несреќата, како и бројни остатоци од новите BMW автомобили, коишто наместо во рацете на своите несудени сопственици, ќе завршат токму во службите за старо железо.

Медиумите известија дека двајцата машиновозачи за среќа поминале без повреди, а BMW во своето официјално соопштение потврдил дека во возот се наоѓале 120 возила и дека вработени во компанијата се веќе на терен со цел да направат проценка на настанатата штета.