И десет месеци откако почина – тестаментот од Арета Френклин сè уште е мистерија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изминаа десет месеци од смртта на соул кралицата и една од најдобрите вокали на планетата во рамки на модерната музика, Арета Френклин, која почина на 76-годишна возраст, а нејзиниот вистински тестамент сè уште е мистерија и не може да се утврди кој точно е истиот.

Три рачно напишани тестаменти се најдени во домот на починатата кралица на соул музиката Арета Френклин. Пред десет месеци кога почина славната пејачка, членовите на нејзиното семејство тврдеа дека нема оставено тестамент.

Но, само овој месец се пронајдени три такви документи, напишани на рака. Два тестамента се од 2010 и најдени се во заклучени фиоки, откако бил најден клучот. Едниот тестамент е од 2014 и бил скриен под перница во дневната соба.

Според адвокатот Дејвид Бенет, делови од ракописот тешко се читливи , а на четири страници речениците се пречкртани со фрази допишани на краевите .

Бенет над 40 години и бил адвокат на ѕвездата и вчера ги предал тестаментите на суд и му рекол на судијата дека не е сигурен дали тоа е во согласност со законот во државата Мичиген.

Судското рочиште ќе се одржи на 12 јуни.Тестаментите ги виделе синовите на покојната пејачка , но не се согласуваат дали некој од нив е важечки и се противат на тестаментите.