Спорт

И Гвардиола влезе во трката за ѕвездата на Наполи

Шпанските великани Барселона и Реал Мадрид веќе подолго време водат битка за потписот на ѕвездата на Наполи, Фабиан Руиз.

Најновите вести од Островот се дека и Пеп Гвардиола се вклучил во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец.

23-годишниот Шпанец минатото лето пристигна во Наполи од Бетис и одигра одлична сезона, притоа блескаше со младата репрезентација на Европското првенство.

Минатата сезона Фабиан Руиз одигра 40 меча за Наполи и постигна седум гола, а игра добро и на стартот на оваа сезона, па поради тоа не е чудно што се најде на радарот на споменатите европски гиганти.

Според „Скај Спортс“ Наполи не планира да го продава фудбалерот на лето, меѓутоа силниот интерес од големите клубови од Европа веројанто ќе го натераат италијанскиот клуб добро да размисли.

Наводно Наполи е спремен да прифати понуда помеѓи 70 и 80 милиони евра, сума која Манчестер Сити е спремен да ја плати.

Advertisements
To Top