Игор Јанушев избран за шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Игор Јанушев, генерален секретар на најголемата македонска опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, е избран да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори. Оваа одлука била донесена на седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев до следната седница на Комитетот треба да предложи состав на Изборниот штаб.

На состанокот членовите на ИК ги анализирале и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и проблемите со кои се соочуваат граѓаните кои им се обратиле.