Вебкафе

Има 7 години, а во 2018 на YouTube заработи 22 милиони долари

Седумгодишниот Рајан се искачи на првото место од листата на Forbes со топ десет најплатени „јутјубери“ кои имаа најголема заработувачка во 2018 година. Само во една календарска година, од јуни 2017 до јуни 2018 година, малиот заработи 22 милиони долари.

Малиот Рајан, чие презиме и место на живеење во САД не се објавени за да се заштити неговата приватност, од осмото место минатата година се искачи на број еден годинава.

Рајан на годинешнава листа надмина голем број славни јутјубери, победувајќи ги 21-годишниот актер и јутјуб-личност Џејк Пол, мејкап-артистот Џефри Стар и шведскиот гејмер Феликс Кјелберг – кој е најследениот јутјубер со неверојатни 72,5 милиони следбеници.

Според неговата мајка, Рајан некогаш бил страстен гледач на рецензиите за играчки, особено оние што се фокусирале на „Возот Томас“, пред да побара да отвори свој сопствен канал. Неговото најпопуларно видео има вртоглави 935,269,982 прегледи (во моментот кога ќе го читате ова, сигурно ќе има некој милион повеќе).

Мајката на Рајан e бивша професорка по хемија во средно училиште, дала отказ на работа за да работи со полно работно време на каналот на нејзиниот син. Нејзиниот сопруг работи како градежен инженер.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top