Има милијарди, ама си чека ред за сендвич, помфрит и Кока-Кола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот вработен во Microsoft, Мајк Галос, на Фејсбук објави фотографија од Бил Гејтс на која тој стои во ред и чека за бургер пред ланецот за брза храна Dick’s во Сиетл.

„Кога тежиш околу 100 милијарди долари, ја водиш најголемата хуманитарна организација во историјата на човештвото и чекаш во ред за бургер, помфрит и Кока-Кола во Dick’s како сите останати…Вака се однесуваат богатите луѓе, за разлика од позерите со златна тоалетна школка во Белата куќа“, напиша Галос во описот на фотографијата.

Бил не сака внимание, но е пријателски расположен и сфаќа дека по малку е ѕвезда. Разговарав порано со него, на некои забави, но не го знам доволно добро за да му пријдам вака“, објасни Галос.