Импозантни 552 карати: Пронајден најголемиот дијамант во Северна Америка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дијамант од импозантни 552 карати беше пронајден во Канада со што е срушен досегашниот дијамантски рекорд во Северна Америка кој го држеше дијамант од 187,7 карати.

Димензиите на пронајдениот дијамант од 552 карата се 33,74×54,56 мм, со што тој е значително поголем од 187,7 каратниот дијамант пронајден во истиот рудник во Канада во 2015 година.

Дијамант со вакви димензии е неочекувано откритие во овој дел на светот. Дијамантот го пронашле рудари од компанијата Diavik Diamond Mine.

Дијамантот е веќе анализиран и одлучено е да не се продава цел, туку да се реже и продава во делови.

Вредноста на дијамантот засега не е проценета, а претходниот рекорден примерот од 187,7 карати по сечењето бил продаден за 1,3 милиони долари.