Импресивно: Навивачите на Зенит направија „огнен тунел“ (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фановите на Зенит направија вистинско пиротехничко шоу во Санкт Петербург за кое денес зборува целиот свет.

Имено, додека автобусот со играчите на домашниот клуб се движеше кон стадионот „Крестовски“ од едната и другата страна на улицата навивачи со факели направија неверојатна кореографија повеќе од стотина метри.

Видеото од спектакуларниот перформанс стана вирална на интернет и за 12 часа го погледнале повеќе од 2 милиони луѓе во светот.

Зенит успеа да го совлада Фенербахче со 3:1 и да обезбеди место меѓу осминафиналистите.