Актуелно

Ирена Фрчкоска, сопругата на Фрчкоски – нова адвокатка на Катица Јанева

Адвокатката Ирена Данаилова Фрчкоска е новиот адвокат на шефицата на СЈО во притвор, Катица Јанева, откако таа беше принудена да бара нов правен застапник и бранител.

Обвинителката мораше да бара нов адвокат, бидејќи Стеван Павлески одлучи да остане бранител на бизнисменот Цветан Панделевски, кој е осомничен од СЈО.

„Фокус“ пренесува дека стапи лево контакт со адвокатката Фрчкоска, но таа им посочила дека не може да даде изјава поврзана со истрагата за „Рекет“, бидејќи како што рече, најпрвин треба да направи увид во доказите.

Не се знае и дали ќе бара укинување на мерката притвор за Јанева, бидејќи доколку предметите на СЈО преминат во Републичкото јавно обвинителство, на Јанева и се отвара можност да се спаси од притвор.

Притворот на Јанева и е одредан поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело. Со предавање на предметите, отпаѓа третата ставка, односно Јанева нема да биде во можност да го повтори делото, поради што може да бара куќен притвор.

Advertisements
To Top