Иско ја одбил капитенската лента на Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Иско одбил да ја носи капитенската лента на мечот против ЦСКА Москва во Лигата на шампиони.

Капитен на вчерашниот меч за „кралевите“ беше Марсело во отсуство на Серхио Рамос. Меѓутоа, Бразилецот беше заменет во 74-та минута и се обида да му ја даде капитенската лента на Иско, кој ја одби и му ја даде на Карвахал.

„Се обидов да му ја дадам лентата на Иско, но тој ми кажа да му да ја дадам на Карвахал. Не знам каква беше причината за тоа“, изјави Марсело.

После отказот на Лопетеги, Иско добива многу мала минутажа кај новиот тренер Солари, па се почести се шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

26-годишниот плејмејкер синоќа влезе во конфликт со навивачите, па тие шпекулации уште повеќе се засилија.