Избегната трагедија од огромни размери: Секунда фалела да се сруши авинот со репрезентацијата на Босна!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ако им веруваме на хрватските медиуми избегната е трагедија од огромни размери.

Наводно авионот со фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина бил насекунди до катастрофа. Медиумите пишуваат дека на чартер летот од Сараево до Ереван се одвивала вистинска драма.

Авионот влегол во турбулентен простор и пилотот бил принуден да направи големо свртување и таквиот негов потег предизвикал паника помеѓу патниците.

„Во тој момент фудбалерите и навивачите кои стоеа веднаш почнаа да скокаат на своите места“, пишува новинарот на „Дневни Аваз“.

Дека навистина работата била сериозна откако слетале во Ерменија потврдил и човек кој бил поранешен пилот и бил качен на овој лет.

„Имам 600 часа летање и одговорно можам да тврдам дека една секунда, еден степен недостасуваше за авионот да се урне. Такви нагли движења не се дозволени, никој не смее да си игра со човечките животи“, изјавил поранешниот пилот.