„Joker“ урива рекорди: Оствари најголема заработка во историјата низ кино салите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трилер филмскиот хит „Joker“ со Хоакин Феникс во главната улога, буквално растури на кино благајните.

Драматичната и насилна приказна за еден од најпознатите негативци од редот на стрип јунаците кои стана еднакво славен на филмското платно со серија одлични актерски интерпретации од култни актери, ги урна сите рекорди и стана филм од категоријата Р со најголема заработка во кино салите во историјата.

Досега само од продавање на влезници филмот заработил 788 милиони долари. Досегашниот рекордер беше филмот „ „Dedpul” од 2016 година со заработка од 783 милиони долари.

Иако „Joker“ е филм кој доби критики дека подржува насилство, веќе првиот викенд на прикажувањето стана рекордер. Односно филм кој во само неколку дена го погледнале дотогаш најголем број на гледачи.