Јункер порачува: Македонија најверојатно ќе добие датум за преговори во јули


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На заедничката конференција која ја одржаа со премиерот на Македонија, Зоран Заев, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, порача дека земјава најверојатно ќе добие датум за предпристапни преговори овој јули.

Тој истакна дека ЕК ќе даде се од себе таа одлука да се донесе ова лето.

Премиерот Заев пак рече дека е убеден оти таа одлука ќе се донесе летово истакнувајќи дека тоа Македонија го заслужува 100 отсто.

„Верувам дека во текот на летово ќе се донесе одлука за датум за почнување преговори. Нема посилна мотивација за целиот регион, како и за Македонија“, рече премиерот.

Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан изјави дека отворањето на преговори со Македонија е значајно не само поради стабулност на регионот, туку и поради кредибилетот на ЕУ која така би ја наградила земјава поради напорите да се усвои Преспанскиот договор со Грција.

Според Хан, тој договор може да има големо влијание на целиот регион.

-Доколку земата направи се што се барало од неа, а не е соодветно наградена, тоа не е добар стимуланс. А ако се случи спротивното, тоа би ножело на пример, да покрене преговори меѓу Белград и Приштин-кажа Хан.