Јувентус и Манчестер Сити ја потврдија големата размена на играчи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус ова лето донесе неколку засилувања, а очигледно за нив не е завршен летниот преоден рок, пишува Спортски.мк.

Старата дама синоќа на официјалната страна објави дека Данило е нов играч на овој клуб. Бразилецот во Јувентус пристигнува од Манчестер Сити и потпиша петгодишен договор.

Јуве потврди дека е постигнат договор со англискиот клуб и дека Данило е нов играч на овој клуб.

Но, исто така потврдено е дека Кансело од Јувентус замина во Манчестер Сити и потпиша шестгодишен договор со англискиот првак. Манчестер Сити плати 37 милиони евра и во спротивен правец го испрати Данило.