Јувентус ја започна „операцијата Иско“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека приоритет на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско.

„Старата дама“ веќе го обезбеди потписот на Рамзи, но тренерот Алегри сака по секоја цена да го види Иско во својот тим.

26-годишниот шпански репрезентативец е во немилост на тренерот Солари и оваа сезона ја грее клупата во Мадрид, па е спремен да ја промени средната.

Јувентус наводно веќе стапил во контакт со неговите агенти и ги започнал преговорите за негово доаѓање во Торино.

Сепак, ова воопшто нема да биде лесна мисија за „бјанконерите“ бидејќи конкуренцијата е огромна, а и Флорентино Перез нема да го пушти Иско за понуда помала од 100 милиони евра.