Спорт

Каков меч на Симона Халеп: Ја збриша Серена за помалку од еден час и го освои Вимблдон! (ВИДЕО)

Симона Халеп е нова шампионка на Вимблдон!

Халеп денес со 2:0 во сетови беше подобра од Серена Вилијамс со 6:2, 6:2.

Денес не беше ден на Серена и тоа беше јасно од самиот старт. Халеп после само 11 минути игра водеше со 4:0.

Потоа Серена конечно успеа да го доби својот прв хем, но седмата тенисерка на светот го освои сетот со 6:2.

Во вториот сет Серена Вилијамс тргна нешто подобро и се одржуваше во игра до 2:2, но Халеп потоа направи брејк и поведе со 4:2

Потоа следуваше уште еден брејк и Халеп сервираше за меч и во тој сет го потврди брејкот така што не и дозволи на Вилијамс да освои ниту еден поен.

Финалето поради овој маестрален настап на Халеп и лошо издание на Серена траеше само 56 минути.

 

Advertisements
To Top