Каква е таа тетоважа меѓу градите?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


36-годишната пејачка Шерил Кол се појави во гламурозно издание на доделувањето на наградите Virgin Atlantic Attitude кое се одржа завчера вечерта во Лондон, каде се оддава признание на припадниците на ЛГБТ заедницата.

Популарната Кол на оваа манифестација се појави во длабоко деколтиран златен фустан, нормално, заради дизајнот, без градник под него.

Беше јасно дека не носи градник, но нејзиниот стегнат фустан не и направи проблеми.Таа стајлингот го надополни со црни чизми над колена и црн и малку преголем колан-ѓердан на вратот.

Кога го откри деколтето, се појави една од многуте тетоважи на Шерил. Подоцна објасни дека тоа е будистички симбол (нераскинлив) кој го претставува патот до просветлувањето и е едвај забележлив во нејзина верзија.